Slideshow Image 1
Slideshow Image 2
Slideshow Image 3
Slideshow Image 4
Slideshow Image 5
Slideshow Image 6
Slideshow Image 7
Македонија во светскиот туристички водич „Лонли планет“
Среда, 10 Јуни 2009 17:53

KNIGA STRANEC 002

На одбележувањето на денот на културата во Битола, присутен беше и американскиот новинар, долгогодишен жител на Македонија, Крис Делисо кој соработува со најголемата издавачка куќа за популарни туристички информатори,„Лонли планет". Тој пошироко е познат и како автор на книгата „Скриена Македонија".

KNIGA STRANEC 002


-Дојден сум да уживам во прекрасниот ден организиран во Битола и да го претставам најновото издание на најновиот светски туристички водич „Лонли планет", автор сум на делот за Македонија и за Битола. Делот за Македонија е поголем за 40% во ова издание за разлика од изданието од 2006-та. Во делот за Македонија се опфатени најглавните туристички места во Македонија, но и многу скриени туристички места. Живеам во Македонија седум години и задоволство ми е да учествувам во активностите како оваа денес во Битола. Мора да се држите до основните концепти кои ги нагласувам во водичот, прекрасната архитектура, културниот, ноќниот живот и да се држите до тој концепт при градењето на туристички имиџ на градот, изјави Крис Делисо.


+ 0
+ 0