logo-tera
Slideshow Image 1
A+ R A-

Донација на книги за Македонците во САД

photo3
Македонската мисија за хуманост донираше околу 1000 книги на македонски јазик на Македонската православна црква Св. Богородица во Лос Анџелес, со цел да се иницира интерес за изучување и негување на македонскиот јазик во македонските заедници во дијаспората. Книгите кои беа сопственост на престедателот на Македонсата мисија за хуманост Весна Палмер од Денвер, Америка, сега се првата донација од ваков вид за првата македонска библиотека во рамките на една македонска црква во САД.
photo2
Во црквата се одржа промоција на овој проект. По редовната богослужба беше пренесана порака за изучување и негување на македонскиот јазик преку пишаниот збор. Библиотеката на Св. Богородица постои и работи повеќе години, како и неделното училиште каде се изучува македонскиот јазик. Подарената литература ја збогати библиотеката и го зголеми фондот на книги.